Навивачите ќе збеснат: „Гладијаторот“ ја предаде Рома (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатиот актер Расел Кроу се најде на мета на навивачите на Рома, кои го критикуваа поради тоа што се сликаше во дрес на Лацио.

Кроу пред неколку дена беше гостин во Рим, каде што се сликаше во дрес на Рома и неколку пати кажа дека е нивни навивач, но очигледно тоа не било вистина.

Само неколку дена подоцна, Кроу за една англиска телевизија призна дека е навивач на Лацио, а не на Рома. Секако, тоа навивачите на „волчицата“ го сфатија како голема измама и испратија голем број критики до актерот.