Рафаел Надал со рекордна 11. титула на Ролан Гарос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по 11 пат во кариерата ја освои титулата на Ролан Гарос.

Неверојатниот Надал во финалето од вториот Грен Слем турнир оваа сезона го победи Доминик Тим со убедливи 3:0, со 6:4, 6:3, 6:2 по сетови во натпревар кој траеше два часа и 44 минути.

Со оваа победа Рафа ја продолжи апсолутната доминација на земјените подлоги. Шпанецот одигра уште еден феноменален меч против ривал кој одигра одличен турнир, но во финалето сепак не можеше да му парира на „Кралот на земјата“.

Шпанскиот тенисер со оваа титула стигна до 17 Грен слем трофеј во својата кариера.