Запакоста по само шест месеци си заминува од Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Челси, Давиде Запакоста би можел да си замине од клубот и да го засили тимот на Интер.

„Тутоспорт“ пренесува дека Интер ќе се обиде да го донесе 26 годишниот фудбалер кој не се изнаигра баш во тимот на Челси.

Поранешниот играч на Торино беше замена на Викотр Мозес во поголемиот дел од сезоната, а доколку сака да остане во комбинација за селекцијата на Италија ќе мора да го напушти тимот.

Од Интер се во потрага по квалитетен десен бек, па трансферот на Запакоста наскоро може да стане и реалност.