Еден од најбараните тинејџери вечерва стигнува во Рим на медицински прегледи со Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неколку италијански медиуми пренесуваат дека Џастин Клајверт вечерва е пристигне во Рим на медицински прегледи откако Рома се договори со Ајакс за 20 милиони евра вреден трансфер.

Во трансферот се вклучени и бонуси за настапи, а во договорот стои дека Ајакс ќе добие десет проценти од следниот трансфер на холандскиот фудбалер.

20 годишниот фудбалер се очекува утре да ги има медицинските прегледи во „Вила Стуарт“ пред и официјално да стане трето засилување на Рома.