Наполи пред промоција на ново засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Симоне Верди веќе го поминал првиот дел од медицинските прегледи во Наполи во пресрет на 25 милионскиот трансфер од редовите на Болоња.

Италијанецот беше блиску до трансфер во Наполи во јануари, но тогаш двата клуба не се договорија.

Наполитанците го обновија интересот ова лето, а договорот е конечно постигнат за сума од 25 милиони евра.

Денес Верди пристигнал во Рим каде го завршил првиот дел од медицинските прегледи, а потоа отпатувал во „Институто ди Медисина дело Спорт“ заедно со неговиот агент Донато Оргнони за вториот дел од прегледите.

По комплетирањето на прегледите ќе следи средба со Де Лаурентис на која официјално ќе биде потпишан договорот за соработка.