Рома не знае да сопре: Мончи во преговори талентиран Португалец


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Спортскиот директор на Рома, Мончи, серионо го истражува трансфер-пазарот, а денеска би требало да се стави потпис на трансферот на Џастин Клајверт.

Италијанските медиуми пишуваат дека следна желба на Мончи е поранешен играч на Удинезе и Сампдорија, односно Бруно Фернандеш. Овој 23-годишен играч летоска од Сампдорија замина во Спортинг Лисабон, но таму остана само една сезона.

Откако пред некое време беа нападнати играчи од навивачите во Лисабон, Фернандеш е еден од играчите кои го раскина договорот.

Фернандеш имаше блескава сезона во Спортинг, зашто на 56 натпревари во сите натпреварувања постигна 16 гола и 20 асистенции.