„Кориере дело Спорт“: Милан и Челси подготвуваат трампа на векот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума би требало летово да биде главна тема на италијанските медиуми.

Младиот голман и минатото лето беше во центар на внимание, откако не беше познато каде ќе ја продолжи кариерата, а сега „Кориере дело Спорт“ пишува дека Милан и Челси договораат интересна размена.

Наводно, Донарума би требало да се пресели во Лондон, а Алваро Мората во Милано.

Тешко може да се поверува во ваквата шпекулација на италијанските медиумите, поради тоа што „сините“ го имаат Тибо Куртоа, а тешко дека би се ослободиле толку лесно од шпанскиот напаѓач.