Атлетико Мадрид договори голем трансфер од Монако


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Атлетико Мадрид го осигура првиот трансфер летово, откако се договориле со играчот на Монако, Томас Лемар.

Атлетико ќе плати 60 милиони евра за овој играч, кој минатото лето го сакаа Ливерпул и Арсенал, но тогаш не замина од Монако, зашто сакаше да му помогне на тимот да одржи континуитет на добри резултати.

Сепак, медиумите пишуваат дека летово дефинитивно заминува, а Атлетико се одлучиле токму за него, зашто Антоан Гризман е добар пријател со него и ја советувал управата да го купат.