Вардар во преговори со Македонец од Швајцарија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вардар планира да го ангажира своето петто засилување за летово, а во преговори е со Никола Ѓорѓев, кој ги помина последните неколку месеци на позајмица во Арау, Швајцарија.

Клубот имаше можност да го откупи, но тие не се одлучија на таков потег, па поради тоа Никола се врати во својот матичен клуб, Грасхоперс, со кој има договор со 2020. година.

Вардар ќе се обиде да го донесе Ѓорѓев на позајмица. На нив би им користел играчот, зашто може да игра како крило, но не е познато колку добро би се прилагодил Никола (роден и пораснат во Швајцарија) во македонската лига, но ова ќе биде шанса за напредок во неговата кариера.