Доста е со катастрофални сезони: Емери купува три засилувања за помоќен Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот тренер на Арсенал, Унај Емери, одлучи да направи целосна реконструкција на екипата и во наредните денови треба да комплетира три трансфери.

Емери нема намера да го задржува истиот тим, кој го остави Арсен Венгер, а кој не се покажа најдобар во Премиерлигата, па поради тоа сака да ангажира нови играчи, кои ќе му помогнат во неговата желба за подобар пласман во најдобрата англиска лига.

„Мирор“ пишува дека Арсенал се договорил со дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос за 16 милиони фунти, а од Бундеслигата треба да пристигне и Бернд Лено од Баер Леверкузен.

Третиот фудбалер, кој е многу блиску до потпис, е Лукас Тореиро од Сампдорија.

Да потсетиме, неодамна се шпекулираше дека стретегот на „топчиите“ е заинтересиран и за некои играчи од ПСЖ, а на листата со желби се наоѓаат Кевин Трап, Лајвин Курзава, Адриен Рабио и Џулијан Дракслер.