Лопетеги има свои правила: Реал ќе жртвува двајца играчи, но затоа купува фантастични замени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хулеп Лопетеги ќе воведе сопствени правила во екипата на Реал Мадрид, а тоа значи дека се знае првата жртва на тренерот, но и потенцијалните засилувања на екипата летово.

Лопетеги сака нов голман, па Кејлор Навас ќе биде жртва, а како негова замена се споменува голманот на Рома, Алисон Бекер, за кого „кралевите“ нема да штедат пари.

„Тајмс“ пишува дека Герет Бејл не е во плановите на новиот тренер, но и дека Реал нема да се откаже да го продаде за многу пари и да го урне светскиот рекорд.

Од друга страна, сигурно е доаѓањето на Алваро Одриозола, уште еден Шпанец, а Лопетеги кажа дека друга негова желба е Нејмар, а тоа предизвика шпекулации дека Кристијано Роналдо ќе замине, иако веруваме дека тоа не е многу веројатно.

Новиот кормилар на „кралскиот клуб“ го сака и Коке од Атлетико Мадрид, но тоа е невозможна мисија, бидејќи тешко може да се очекува дека Атлетико ќе се откаже од својот играч.

Клубот ќе го напушти Матео Ковачиќ, а постои можност истото да му се случи и на Тони Крос, но важно е да се спомене дека капитен на тимот останува Серхио Рамос.