Нема да штедат пари: Германски гигант руши рекорд поради голманот на Лацио


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бундеслигашот Баер Леверкузен бара замена за својот чувар на мрежата, Бернд Лено, кој би требало да го засили Арсенал.

Арсенал и Лено, наводно, се договориле и сега Леверкузен бара нов голман, а прв на листата со желби е 26-годишниот голман на Лацио, Томас Стракоша.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Леверкузен подготвил 30 милиони евра и така сака да го урне клупскиот рекорд.

Досега најскапо засилување за Германците бил Паулињо од Васко де Гама, за кого платиле 26,4 милиони евра.

Лацио не би имал ништо против да го продаде својот чувар на мрежата за 30 милиони евра, зашто во тој случај би имал доволно пари за Марко Спортиело од Аталанта или Руи Патрисио.