Алегри откри каде би можел Дибала да заигра во иднина!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Макс Алегри зборуваше за предниот рок и кажа дека оставил листа со потенцијални засилувања на претседателот на клубот и спортските директори.

Алегри кажа дека Јувентус има силен тим, но дека ќе се обиде да најде уште неколку фудбалери со кои би можел да ги засили дополнително некои позиции, но не ги откри имињата на потенцијалните засилувања.

Италијанецот зборуваше и за иднината на Пауло Дибала, па откри што би можело да се случи.

„Пред да замине на подготовки за Мундијалот, ние разговаравме, а тој ми кажа дека ќе остане. Но, наредната сезона можеби ќе направи нов чекор во кариерата. Од Јувентус може да се преселите само во Барселона, Реал Мадрид или Баерн Минхен“, кажа Алегри.