Од Њукасл подготвени да го пуштат Александар Митровиќ да си замине


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Њукасл се подготвени да го продадат напаѓачот Александар Митровиќ ова лето доколку до нив пристигне понуда од 20 милиони фунти.

Српскиот интернационалец минатата сезона шест месеци настапуваше како позајмен фудбалер во редовите на Фулам и на 20 натпревари постигна 12 погодоци за новиот Премиерлигаш.

23 годишниот фудбалер во моментов се наоѓа во Русија каде со Србија ќе настапува на Светското првенство, а разрешница на неговата иднина ќе има веднаш по ова натпреварување.