Лопетеги со прва изјава по отказот од репрезентацијата на Шпанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот тренер на Реал Мадрид, Жулен Лопетеги доби отказ од селекторската позиција на Шпанија на еден ден пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Од фудбалската федерација на Шпанија се решија за ваков чекор веднаш штом беше потврдено дека Лопетеги од следната сезона ќе седне на клупата на Реал Мадрид.

„Премногу ми е жал, но се надевам дека ќе имаме неверојатно Светско првенство и дека ќе го освоиме шампионатот“ –коментираше Лопетеги за „Кадена СЕР“ при неговото заминување за Мадрид од аеродромот во Красондар.