Вест Хем добива големо засилувањe


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Италија и Англија пренесуваат дека трансферот на Фелипе Андерсон од Лацио во Вест Хем е пред реализација.

Претставници на двете инволвирани страни се сретнале во Рим и се договориле за трансфер вреден 26 милиони фунти. Во договорот за трансфер ќе биде вклучен и дополнителен бонус од 20% за Лацио од следната продажба на бразилскиот фудбалер.

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре би требало да пристигне во Лондон во текот на денешниот или утрешниот ден за и дефинитивно договорот да биде потпишан.

Андерсон во Вест Хем ќе биде еден од најплатените играчи со 80.000 фунти неделна плата.