ХВА РАНГ ИТФ ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ турнир во Романија

0

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овој викенд 15.6-16.6 2018 ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ „А Класа“ турнир „РОМАНИЈА ОПЕН 2018“ во Орадеа, Романија, кој е завршен „А Класа“ турнир за оваа пролетна сезона.

На овој турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион, натпреварувачите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид , ќе ги одмерат силите во форми и спаринг-борби поединечно, додека сениорите ќе учествуваат и за специјални техники и тест на сила.

„Се надеваме дека и овај пат претставниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди“ –истакна првиот човек на клубот, Марјанчо Лазаревски.

Advertisements
Share.