Сега и официјално: Познато каде ќе настапува Гризман следната сезона (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во последниот период се шпекулираше дека Ентоан Гризман ќе го засили тимот на Барселона, а пред малку добивме и конечен одговор од фудбалерот.

Французинот во соработка со „Мувистар+“ преку краток видео блог објави дека неговата одлука е да остане на „Ванда Метрополитано“.

Оваа вест дојде како изненадување за многумина со оглед на фактот што речиси сите го видоа како нов фудбалер на Барселона од следната сезона.

Атлетико Мадрид со него во нападот заедно со Диего Коста и новиот играч на тимот, Томас Лемар ќе има пеколна офанзива следната сезона.