Барселона најде замена за Иниеста во Манчестер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Барселона сака да го ангажира фудбалерот на Манчестер сити, Илкај Гундоган, како замена за Андрес Иниеста, кој замина во Јапонија.

Германскиот репрезентативец стигна на „Етихад“ во 2016. година, но потоа се повреди, па во првата сезона имаше само десет настапи во Премиерлигата.

Во минатата сезона, Гундоган одигра 30 натпревари, а постигна четири гола во најсилната англиска лига, па го привлече интересот со неговите добри игри.

Германецот има уште две години од договорот со „граѓаните“, а се претпоставува дека Барселона за неговите услуги планира да потроши 57 милиони евра.