Анчелоти планира да ангажира поранешен играч од Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти, има интересни планови за наредната сезона, а како засилување на голманската позиција го гледа Кејлор Навас од Реал Мадрид.

Голем број играчи се поврзуваат со трансфер на „Сан Паоло“, а јасно е дека еден од приоритетите на управата е ангажирање на нов чувар на мрежата.

Откако, Наполи не успеа да се договори со Руи Патрисио и Бернд Лено, сега тие ќе се обидат да го ангажираат Навас, кој наскоро би можел да се пресели на клупата на „кралевите“ бидејќи тие планираат да го купат Алисон од Рома.

Реал го ангажираше Навас во 2014. година, а го плати 10 милиони евра на Леванте, но сега доколку одлучи да го продаде, сигурно ќе заработи многу повеќе.