„Марка“: ПСЖ го продава Нејмар, Бразилецот се враќа во Шпанија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Бразилецот постои голем интерес од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, но ПСЖ одлучил да го понуди Нејмар на Барселона.

Овој пoтег на ПСЖ е интересен бидејќи тие го купија Нејмар пред една сезона од Каталонија за 222 милиони евра и поставија нов светски рекорд.

Таткото на Нејмар има големо влијание врз 26-годишниот играч, иако Бразилецот негираше неколку пати, но по неговото однесување може да се забележи дека постои можност да замине од Париз.

Дали Нејмар ќе одлучи да се врати во каталонската екипа или ќе остане во ПСЖ, ни останува да видиме летово.