Роналдо доби условна казна затвор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо се согласил и прифатил двегодишна условна казна затвор и ќе мора да плати 16.5 милиони фунти казна поради затајувањето данок во Шпанија.

Веќе подолг период се води случај против Португалецот поради затајување данок, а токму ова е една од причините поради кои Роналдо сака да го напушти Мадрид.

По спогодбата на која Роналдо се согласил по консултација со неговите адвокати тој ќе избегне казна затвор.

Според најавите во Шпанија, Роналдо преку своите претставници понудил 13 милиони фунти како казна за затајување данок, но тогаш властите во Шпанија ја одбиле оваа понуда.