Тројца играчи пред заминување од Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Триото кое немаше значаен придонес во тимот на Јувентус минатата сезона, Стефан Стураро, Роландо Мандрагора и Алберто Сери се пред заминување од клубот.

Според „Тутоспорт“ за Стураро постои интерес од премиерлигашите, Вест Хем и Евертон кои се подготвени да платат 20 милиони евра за играчот.

Мандрагора зад себе одлична сезона во Кротоне каде настапуваше како позајмен фудбалер од Јувентус. За него тимот од Торино би можел да добие околу 15 милиони евра, а интерес има од тимот на Џеноа.

За Сери кој исто така беше позајмен, интерес има од Ајнтрахт Франкфурт и Каљари кои се подготвени да платат околу 10 милиони евра.