Иран со гол во 95. минута стигна до победа против Мароко


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Иран и Мароко беше натпревар меѓу аутсајдерите во групата Б затоа што со нив во групата се и репрезентациите на Шпанија и Португалија

Мароканците започнаа подобро и имаа неколку добри шанси за отворање на резултатот. Оваа селекција ја диктираше играта во текот на целиот натпревар, а тимот на Иран се закануваше само од контра напади.

Сепак, на самиот крај на средбата, во 95. минута Иран изненадувачки стигна до водство со автоголот на Будабуз кој донесе голема радост и три бода за избраниците на Карлос Квеирош.