Рамос испрати моќна порака до Де Хеа по киксот против Португалија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Шпанија во последните минути останаа без победа против Португалија, која преку Кристијано Роналдо стигна до 3-3 и еден бод.

Еден од најлошите во екипата на Шпанија вчера беше Давид де Хеа, кој направи неверојатна грешка при вториот гол на Португалија. Де Хеа имаше фантастична сезона во Манчестер јунајтед, но при ударот на Роналдо реагираше катастрофално.

Де Хеа се најде на критики од страна на навивачите на Шпанија, а многумина се шегуваа поради неговата лоша реакција. Сепак, неговите соиграчи застанаа во негова одбрана и му дадоа голема поддршка.

„Не станува збор за тоа никогаш да не успееш, туку никогаш да не се откажеш…“, напиша Рамос.