Килијан Мбапе урна рекорд на Мундијалот во Русија (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ го почна натпреварот на Франција против Австралија, па така 19-годишниот играч стана најмлад фудбалер, кој ги претставувал Французите на еден Мундијал.

Мбапе на 19 години и 178 дена стана најмлад играч на „триколорите“ и го урна досегашниот рекорд на Бруно Белоне, кој во моментот кога дебитираше за репрезентацијата беше постар десет месеци.

Пред почетокот на мечот, многумина се сомневаа дека Мбапе ќе настапи на натпреварот поради малата повреда на тренинг, но Французинот без проблеми ја почна средбата.