Франција со минимална победа против цврстата Австралија (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска од 12 часот беше одигран првиот натпревар во групата Ц помеѓу Франција и Австралија, а на крајот „триколорите“ победија минимално со 2-1.

Навивачите може да бидат разочарани од играта на Франција, од која се очекуваше да доминира во текот на натпреварот, но во првите 45 минути силите беа израмнети.

Во вториот дел првиот гол го видовме во 58. минута, кога Антоан Гризман реализираше пенал, кој беше досуден по асистенција на ВАР-технологијата.

Само четири минути подоцна, Умтити направи голема глупост и играше со рака, по што Австралија погоди од пенал и го израмни резултатот.

Сепак, во 81. минута Пол Погба го реши натпреварот со прекрасен гол во 81. минута и донесе важни три бода за својата репрезентација.