Не може да седи мирен: Пике продолжи со провокациите кон Роналдо!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Шпанија вчера ремизираше 3-3 против Португалија во најдобриот натпревар досега на Мундијалот во групната фаза на Светското првенство во Русија.

Португалија двапати имаше предност, но Шпанија на почетокот на вториот дел направи целосен пресврт. Сепак, во последните секунди по третпат погоди Кристијано Роналдо и ги постави конечните 3-3.

Екипата на Португалија водеше со 1-0 од почетокот на мечот, кога судијата досуди пенал врз Роналдо, а по натпреварот Жерар Пике го „пецна“ Роналдо.

„Имавме многу повеќе шанси на средбата од Португалија. Тие од три удари ни дадоа три гола и мора некако да се помирите со тоа. Кога на првиот меч на Мундијалот судијата ќе свири пенал во втората минута, мора да го прифатите тоа. Сепак, Роналдо и претходно покажа дека лесно паѓа на теренот“, вели Пике.