Голманот на Египет одби награда за играч на мечот поради верски причини (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Уругвај вчера во натпреварот од група А успеа да постигне гол во финишот на мечот и да го победи Египет со 1-0.

Но, на голот на Египќаните одличен беше Мохамед Ел Шенави, кој успеа да одбрани неколку одлични удари на противниците.

И покрај примениот гол, Ел Шенави заслужено беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, но тој не сакаше да ја прими наградата, бидејќи спонзор е компанијата Будвајзер, која произведува алкохолни пијалоци.