Нема да му се исполни желбата на Мурињо: Интер му удри „корпа“ на Јунајтед!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Интер одби понуда од 65 милиони евра за Милан Шкрињар, кој го купија минатата година од Сампдорија за 30 милиони евра.

Шкрињар играше на секој натпревар во Серија А минатата сезона и постигна четири гола, па поради тоа Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед покажаа голем интерес, но нивната понуда беше одбиена.

Ниту 35 милиони евра повеќе од сумата, која ја потрошија „нераѕурите“ лани, не беше доволна за да ги убеди летово да го продадат дефанзивецот.