Абрамович во голема дилема: Три имиња во конкуренција за тренерското место во Челси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нема договор со Наполи засега, а се појавија две нови имиња, па Роман Абрамович сака да почека уште малку. Сепак, тоа не им се допаѓа на навивачите, кои не сакаат повеќе да го гледаат Антонио Конте на клупата.

Работите се движат бавно за „сините“, па нема ниту најавени засилувања, па Абрамович ќе мора нешто набрзо да промени, инаку може да биде уште поголемо незадоволството на поддржувачите на Челси.

Во конкуренција за тренерското место на Челси во моментов се  селекторите на Бразил и Аргентина, односно Тите и Хорхе Сампаоли, како и Маурицио Сари.

Како и да е, лутината кај навивачите не го загрижува Конте, кој чека да добие отказ и така да добие 12 милиони евра, поради раскинување на договорот.