Бонучи и Буфон повторно во ист тим


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека од таборот на ПСЖ ќе испратат понуда до Милан за Леонардо Бонучи.

„Тутоспорт“ пишува дека Буфон деновиве ќе биде и официјално претставен како фудбалер на ПСЖ, а наскоро потоа ќе се обиде да го донесе и Бонучи.

Французите ќе пробаат да ја искористат блискоста на Буфон со искусниот стопер кој би требало да го наговори Бонучи да се пресели на „Паркот на принцовите“ по само 12 месеци поминати во Милан.