Марка со шокантни најави: Нејмар би можел да се врати во Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако останаа со празни раце и не го обезбедија потписот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, од Барселона ќе се насочат кон купување на Нејмар.

Само 12 месеци откако го направи најскапиот трансфер во историјата потпишувајќи за ПСЖ, Бразилецот би можел да се врати во Барселона.

Овие најави ги пренесува „Марка“ и секако засега треба да се земат само како обична шпекулација. Дали во тоа има вистина ќе дознаеме веројатно по крајот на Мундијалот во Русија.