Совети за обложување: Хрватска фаворит од сенка на Мундијалот во Русија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Kladenje.mk и денес со неколку совети за типување. Погледнете ги во продолжение.

Перу- Данска –Т2 2+ (Данска ќе постигне најмалку два погодоци)

Данска е благ фаворит на втората средба од групата Ц во рамките од Светското првенство во Русија. Се очекува Данците предводени од одличниот Ериксен да постигнат барем два погодоци на овој натпревар.

Хрватска- Нигерија – 1 (Хрватска ќе победи на натпреварот)

Колку и да не се зборува тоа во јавноста, Хрватска е еден од фаворитите од сенка на ова првенство. „Коцкестите“ предводени од Модриќ и компанија се фаворити на натпреварот против селекцијата со најубави дресови на шампионатот.

Фросиноне- Палермо – Х било кога (нерешено по првото полувреме или по крајот на натпреварот)

Илија Несторовски и Александар Трајковски се пред враќање во Серија А. По првиот натпревар против Фросиноне забележаа победа со 2:1, а сега ќе мора добро да се одбранат на гостувањето кај истиот тим доколку  сакаат од следната година да се вратат во најсилната лига во Италија. Се очекува тежок натпревар во кој речиси сигурно по првите 45. минути нема да видиме погодоци

Ваљадолид- Нумансија – Т2 2+ (Нумансија ќе постигне најмалку два погодоци)

Ваљадолид изненадувачки лесно со 3:0 славеше на гостувањето против Нумансија во првиот натпревар меѓу овие две екипи. Сепак, Нумансија нема лесно да се предаде и се очекува да нападне уште од првата минута на гостувањето кај Ваљадолид.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk