Вилшер сепак си заминува од Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека Џек Вилшер ќе си замине од  Арсенал откако му било кажано дека ќе има споредна улога во тимот на Унаи Емери.

Англискиот фудбалер ќе биде слободен фудбалер по крајот на месецот, но се очекуваше да го продолжи договорот со тимот од Лондон.

Сепак, по најновите најави тој би можел да си замине затоа што сака да има првотимски статус на „Емирати“, а засега интерес за него има од Евертон и Вест Хем, како и од тимот на Јувентус.