„Ми рекоа дека нема да можам да играм повеќе, но научив се борам со тоа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Начо во петокот постигна евро-гол во ремито на Шпанија и Португалија, но ретко кој знае дека ѕвездата на Реал Мадрид надвор од терените има сериозен проблем, со кој се бори со години.

На Шпанецот му е дијагностициран дијабетис од тип 1 додека имал 12 години и кога настапувал во младинската школа на Реал Мадрид. Докторот му кажал дека никогаш нема да може да игра фудбал, но Начо не се предал.

„Ми правеа некои тестови и нивото на шеќер во крв ми беа големи. Тогаш ми рекоа дека имам дијабетис. Еден доктор ми кажа дека не постои начин да играм фудбал. Сепак, заминав на друг доктор, и тој ми кажа дека има шанси да продолжам со фудбалот. Морав да се борам со тоа и никогаш не се откажав“, вели Начо.

Шпанецот никогаш немал проблеми во кариерата бидејќи многу внимава на храната, која ја конзумира.