Марсијал заминува од Манчестер, но Мурињо сака сума од која боли глава!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ентони Марсијал сака да замине од Манчестер јунајтед, но Жозе Мурињо откако ја кажа цената, тешко дека некој ќе сака да понуди толку многу пари за него.

Агентот на Марсијал соопшти дека заминуваат од Јунајтед, а причина е Мурињо. Французинот одби петгодишен договор, па сега верува дека нема да добие шанса.

Има неколку заинтересирани екипи, како што се Тотнем, Челси и Јувентус, а иако се зборуваше за сума од 60 милиони евра, сепак Јунајтед сака 100 милиони.

Се претпоставува дека ова е тактика на Мурињо за да го натера Тотнем да се согласи на размена за Тоби Алдервејрелд.