Жоржињо на чекор до Сити, а Гвардиола одлучи да врати и играч во Манчестер по седум години!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Очигледно драмата за Жоржињо конечно ќе добие свој епилог. Се чекаше Наполи да го купи Фабијан Руиз од Бетис, па откако се договориле, сопственикот Де Лаурентис се согласил да го продаде својот играч.

Трансферот ќе изнесува околу 60 милиони евра, а играчот ќе биде нов лидер на средината на теренот на Манчестер сити, а доколку се случи тоа, тогаш може да очекува заминување на Илкај Гундоган во Баерн Минхен.

Пеп Гвардиола сака да го врати и Боатенг во Манчестер, кој претходно не се прилагоди кај „граѓаните“ и мораше да замине во Минхен.

Боатенг има многу искуство, па сака нов предизвик и повторно да работи со Гвардиола, а ова дефинитивно е идеална шанса за него.

Дали ќе се врати во Манчестер по седум години, ќе видиме летово.