Головин призна дека е поласкан од интересот на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Александр Головин одговори на шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во редовите на Барселона.

22 годишниот играч на ЦСКА Москва се наоѓа со репрезентацијата на Русија на Мундијалот во оваа земја, а на првиот натпревар против Саудиска Арабија беше меѓу најдобрите поединци на теренот.

Головин на тој натпревар постигна еден неверојатен погодок од слободен удар, а беше асистент и на два други голови.

„Медиумите може да пишуваат што сакаат за тимовите и играчите, а јас сум свесен за шпекулациите кои ме поврзуваат со Барселона. Невозможно е да не знаеш за тоа“ –коментираше Головин.