Рома има доктор за трансфер: Мончи ангажира одличен играч од ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома во наредната сезона може да биде уште посилна, доколку во екипата пристигне Хавиер Пасторе, кој ПСЖ лесно може да го продаде поради проблемите со финансискиот фер-плеј.

Поранешниот играч на Палермо има договор со ПСЖ до наредната година, но најверојатно ќе го напушти Париз и ќе се пресели во Рим за 25 милиони евра.

Пасторе би требало да добие плата од пет милиони евра, а не е познато на колку години би потпишал договор.

Ова треба да биде уште едно во низата засилувања на Римјаните, откако претходно стигнаа Брајан Кристанте, Анте Чориќ, Иван Маркано и Џастин Клајверт.