Прво големо изненадување на Светското првенство


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Германија претрпе шокантен пораз на стартот од Светското првенство од селекцијата на Мексико.

Мексиканците го направија првото изненадување на овој Мундијал славејќи со 1:0 против „панцирите“ во рамките од групата Ф.

Резултатот го отвори Хирвинг Лозано во 36. минута по едно проигрување од Чичарито Ернандез. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и претходно имаше голема прилика, но не успеа да го совлада Ноер.

Во продолжението Германија имаше голема иницијатива, која за жал на нивните фанови не ја претвори во погодок,  па така првите бодови на овој шампионат ќе мора да ги бара на средбите со  Јужна Кореа и Шведска.