Лопетеги спреми 100 милиони евра за својот омилен играч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид е спремен да го купи Давид Де Геа и наводно спремал богата понуда.

Де Геа е долгогодишна желба на Реал Мадрид, а кралскиот клуб е спремен повторно да прати понуда до Олд Трафорд, откако за тренер беше именуван Лопетеги, кој го тренираше Де Геа во младинските селекции на шпанската репрезентација.

Кејлор Навас би можел да го напушти Реал, а Де Геа во секој случај ќе биде прва желба на богатиот клуб од Мадрид. Освен Де Геа, се споменува Куртоа од Челси.

Реал планира да плати 100 милиони евра за Де Геа, со тоа Шпанецот би станал најплатен голман во светот.

Пред Јунајтед, Де Геа бранеше во Мадрид, но за тмот на Атлетико. Доколку не е само шпекулација, понудата на Кралевиот ке биде тешка за одбивање од страна на челниците на Јунајтед.