Федерер го симна Надал од врвот на АТП-листата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, повторно, е прв на АТП-листата, откако со титула во Штутгарт на врвот го премина Рафаел Надал.

Федерер, кој ја пропушти цела сезона на земја, од денеска има 8.920 бодови, додека Надал остана на 8.770.

Во топ 10 се случи промена во пласманот на Бугаринот Григор Димитров и Хрватот Марин Чилиќ, кои ги заменија местата на петтата и шестата позиција.

АТП-листа:

1. Роџер Федерер 8.920
2. Рафаел Надал 8.770
3. Александар Зверев 5.965
4. Хуан Мартин дел Потро 5.080
5. Григор Димитров 4.870
6. Марин Чилиќ 4.860
7. Доминик Тим 3.835
8. Кевин Андерсон 3.635
9. Давид Гофан 3.110
10. Џон Иснер 3.070