„Меси не е Марадона, не може сам да ја освои титулата!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот напаѓач на Аргентина, Хернан Кресно, го критикуваше Лионел Меси по ремито на Аргентина со Исланд на Мундијалот во Русија.

Аргентина и Исланд одиграа 1-1, а најголем виновник што екипата на Хорхе Сампаоли не освои три бода е тоа што Меси промаши пенал.

„Да почнеме со фактите. Меси заслужи многу лоша оценка за својата игра, а ако погодеше пенал, мојата немаше да биде многу подобра. Меси не е Марадона, тој не може сам да го освои Светското првенство. Одличен е, но потребни му се вистински услови, какви што има во Барселона“, вели Креспо.