Проблеми во тимот на Хрватска: Селекторот испраќа еден репрезентативец дома!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Очигледно ситуацијата е далеку од одлична во хрватската репрезентација, дури и по победата против Нигерија од 2-0. Никола Калиниќ во текот на денот би можел да го напушти кампот на Хрватска.

Според шпекулациите, селекторот Златко Далиќ добил прашање дали е вистина дека сакал Калиниќ да го пушти да игра против Нигерија, но му било кажано дека не може да игра, зашто го боли грбот.

„Сè ќе дознаете во текот на денот“, одговори Далиќ.

Неофицијалните информации се дека Калиниќ ќе замине дома во текот на денов, а Светското првенство за него е завршено.