Јужна Кореја на колена, ВАР-системот ѝ помогна на Шведска! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведска одлично го отвори Светското првенство во Русија, откако ја победи Јужна Кореја со 1-0.

Шведска доминираше од почетокот на натпреварот, а во првиот дел грчевито се бранеше Јужна Кореја, па ниту еден од испратените девет удари на Швеѓаните не заврши во нивната мрежа.

Во второто полувреме, Јужна Кореја не ја подобри многу својата игра, па тоа го искористија Швеѓаните во 65. минута кога добија пенал, откако главниот судија имаше помош од ВАР-технологијата.

Од казнениот удар сигурен беше Андреас Гранквист, чиј гол на крајот се покажа како решавачки и им донесе важни три бода на своите сонародници.

Во моментов, Шведска и Мексико имаат по три бода во група Ф, а Германија и Јужна Кореја остануваат без бодови.