Сампаоли ќе ги излуди Аргентинците: За Хрватска отпишал тројца


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За три дена Аргентина и Хрватска играат наптревар во 2. коло, а овој натпревар и тоа како ќе биде важен за случувањата во групата Д.

Хрватска со победа над Нигерија го отвори првенството, но Аргентина освои само бод против аутсајдерот Исланд.

Тоа значи дека доколку Гаучосите не победат против Хрватска, ќе им се пишува црно. Во овој момент хрватите изгледаат поспремно и подобро од јужноамериканците. Лео Меси и друштвото се под голем притисок.

Во меѓувреме процури и составот кој наводно ќе настапи против Хрватска, а од првите 11 во однос на првиот натпревар ќе испаднат Едуардо Салвио, Лукас Биља и Ангел Ди Мариа,  Нивна замена треба да бидат Габриел Меркадо, Џовани Ло Целсо и Кристиан Павон.

Аргентинските медиуми и понатаму веруваат дека во првиот тим треба да се најдат Дибала и Игуаин, но очигледно селекторот не мисли така.