Наполи ангажира еден од најдобрите голмани во Англија – за џабе!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот тренер на Арсенал, Унај Емери не сака да го задржи Петр Чех на голот на „топчиите“, па поради тоа ќе се обиде да го продаде или да го испрати на позајмица.

Арсенал е во преговори со Баер Леверкузен за Бернд Лено, па најверојатно Чех ќе замине на позајмица во Наполи, доколку пристигне Германецот во Лондон.

Наполи остана без Пепе Реина, кој заминува во Милан, а тренерот на италијанскиот вице-шампион Карло Анчелоти е запознаен со неговите квалитети бидејќи со него соработуваше во Челси.

Договорот на Арсенал со Чех завршува на крајот на наредната сезона, па Наполи би можел сега да го ангажира на позајмица, а потоа и да му понуди нов договор и да го добие целосно бесплатно.