Шкендија се збогуваше со двајца одлични првотимци!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ФК Шкендија се збогуваше со Ферхан Хасани и Ардијан Цуцули, на кои им завршија договорите на 15. јуни и заминуваат како слободни фудбалери.

Управата на Шкендија одлучи да не им ги продолжи на играчите кои играа фантастично минатата сезона. Хасани одигра 27 натпревари во македонската Прва лига и постигна 22 гола и 16 асистенции.

Од друга страна, пак, Цуцули играше на 30 натпревари и притоа постигна еден гол и имаше една асистенција.

Двајцата играчи се очекува нивната кариера да ја продолжат во странство, а засега не е познато дали се во контакти со некој клуб.