Го посакуваа неколку Премиерлигаши, а тој остана во редовите на Стоук


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот фудбалер од средниот ред Џо Ален се согласи на нов, долгогодишен договор со тимот на Стоук Сити.

28 годишниот фудбалер потпиша четиригодишен договор со тимот од „Британија“ стадионот кој може да биде продолжен на плус уште една дополнителна сезона.

За Џо Ален имаше сериозен интерес од редовите на Евертон и Вест Хем, а Велшанецот се споменуваше и како можна опција за средниот ред на Арсенал.

Сепак, по најновата разврска тој ќе остане во Стоук најмалку и следната сезона.